Британски експерт за лични финансии тврди дека штедењето е навика и дека е препорачливо да се примени што е можно поскоро за да се обезбеди предвремено пензионирање.
Многумина сонуваат да се пензионираат предвреме за да без никаков притисок го работат она што отсекогаш го сакале. Меѓутоа, за да се пензионирате до 45 години, треба да имате значителни заштеди, пишува The Sun.
Salman Haqqi од порталот money.co.uk откри кога треба да почнете да штедите и колку ако сакате да се пензионирате до 45та година.
Колку порано почнете да штедите, толку подобро
Според него, одговорот е едноставен – почнете да штедите што е можно поскоро, односно веднаш штом почнете да заработувате пари.
„Дури и ако сте тинејџер и ја работите својата прва работа со скратено работно време, добра практика е да одвоите малку пари на страна. Штедењето е навика и колку побрзо ја добиете, толку подобри ќе бидете со години. Како ви напредува кариерата и заработувате повеќе, можете да бидете пософистицирани во начинот на штедење со менување на различни сметки и опции, но раното развивање на навиката може да значи многу поголеми заштеди“, рече Haqqi.
Најчести грешки при штедење
Експертот за лични финансии посочи и неколку вообичаени грешки што луѓето ги прават додека штедат.
Првиот е поставување на нереални цели, а вториот да се чека за штедење додека не се почне со првата заработена пара.
“Заштедите започнуваат со планирање на буџетот и поставување разумни цели за штедење врз основа на вашата заработка и месечни трошоци. Луѓето често поставуваат нереални цели при што не ги предвидуваат неочекуваните трошоци или природниот порив понекогаш да се почестат. Не е важно колку штедите, туку одвојте нешто секој месец“, истакна експертот.
Британски пример
Ако сакате да се пензионирате на 45 години, Salman тврди дека количината на пари што треба да ја заштедите ќе зависи од вашите навики за трошење и финансиско планирање. Тој ве советува да размислите колку пари трошите годишно.
Според неговиот модел, кој навистина не е применлив за Македонија, доколку некое лице од Обединетото Кралство сака да се пензионира до 45-годишна возраст и да живее со годишна плата од 14.000 фунти, треба да заштеди најмалку 500.000 фунти.
Поточно, Британците треба да заштедат 20.000 фунти годишно од нивната 20-та година, т.е. 1.666 фунти месечно.
Haqqi ја откри големата предност на раното започнување со штедење, а тоа е стекнување навика да се управува со пари. На тој начин, ќе можете поефикасно да одржувате и изградите капитал за иднината, а заштедите ќе направат поголеми купувања, како што е купувањето куќа, подостапни. Тој додава дека штедењето ќе ви помогне да бидете поподготвени за неочекувани настани.




















