Дали Мона Лиза е геј љубовник на Леонардо?

2192

Со новата теорија се тврди дека моделот за ремек делото е “Малиот ѓавол” на уметникот.

Со нејзината енигматична насмевка и неопределениот лик таа е мистерија која со векови не им дава спокој на научниците. Сега еден уметнички директор верува дека е одгатнал мистеријата за Мона Лиза.

Силвано Винчети тврди дека портретот кој виси во Лувр во Париз, е спојување на сликите на сопругата на трговецот од Фиренца и наводниот љубовник на Леонардо Давинчи. Жан Џакомо Каприоти, познат под прекарот Салај бил чирак на Давинчи и е искористен како модел за голем број на слики.

Винчети, шефот на истражувачката група на Националниот комитет за културно наследство ги базира своите откритија на инфрацрвеното истражување на познатата слика.

До сега се сметаше дека за модел за сликата позирала Лиза Џерардини, сопруга на трговец од Тоскана. Но Винчети вели дека насмевката на Мона Лиза има поразителна сличност со онаа со која бил нацртан Салај на голем број слики, вклучувајќи и платно со еротска насоченост на кое е прикажан момче во ерекција.

“Мона Лиза е комбинација – половина човек и половина жена. Сликата е базирана на два модела. Првиот е Лиза Џерардини, а вториот, Салај, чирак на Леонарод. Тоа се забележува најмногу во носот на Мона Лиза, нејзиното чело и насмевката. Најдовме одговор на прашањето кој ги делеше научниците со десетици години – кој бил моделот за Мона Лиза “, вели Винчети.

Винчети направи своето откритие, говорејќи од Фиренца, каде веќе две години е на чело на ископувањата под стариот манастир, чија цел е откривање на коските и черепот на Лиза Џерардини.