Дали алкохолот влијае на плодноста?

223

Плодноста е навистина осетлива тема. Некои парови добиваат дете без да се трудат, додека други навистина имаат потешкотии при зачнување на бебе. Имајќи предвид дека има навистина многу фактори кои може да влијаат во плодноста, самиот процес на пробување знае да биде навистина стресен.

Постојат определени фактори кои негативно влијаат на плодноста, а кои можеме да ги избегнеме. Кога се начнува оваа тема, природно се наметнува прашањето дали алкохолот треба да се избегнува? Ако е ок, колку е дозволено да се пие? Дали големото внесување на алкохол во минатото може лошо да влијае на вашата плодност во сегашноста?

Првиот и едноставен одговор е доколку, вие и вашиот партнер се обидувате да зачнете, тогаш дефинитивно треба да избегнете големо внесување на алкохол. Согласно светски здруженија, правилниот рецепт е една чаша за жените и две чаши за мажите во текот на еден ден.

Големото внесување на алкохол навистина знае да го поремети женскиот циклус и овулација. Повеќето студии покажале дека големото и често внеување на алкохол знае да ја намали продуктивноста на јајце клетките.

Алкохолот може лошо да влијае и кај мажите. Зголемената употреба на алкохол доведува до значително опаѓање на квалитетот на тестостеронот и семената течност.

Сепак доколку сте внсувале прилично многу алкохол во минатото, не треба да паничите сега. Внесувањето алкохол нема трајно дејство, доколу престанете навремено, ќе си дојдат работите на свое место. Сепак од секое правило знае да има по некој исклучок.

Она што со сигусност можеме да го заклучиме од светските истражувања е дека енормното внесување на алкохол во минатото не би требало лошо да се одрази на плодноста. Доколку сакате да зачнете дете, вие и вашиот партнер можете да внесувате мало количество на алкохол. Една до две чаши дневно е сосема доволно.

Она што со сигурност знаеме што влијае на плодноста е дефинитивно пушењето. Но за тоа во неоја друга прилика. За подетални информации за тоа како влијае алкохол на плодноста, можете да прочитате тука.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.