Д-р Јанкуловски | Само едно нешто не е незаменливо – човечкиот живот. Е тука нема “ај пак”

262

Д-р Денис Јанкуловски, кој дел од тимот на Центарот за јавно здравје кој на терен ги прави тестирањата за корона. преку својот Фејсбук профил упати порака до граѓаните:

Сограѓани, сожители, соселани од сите вери и нации и како и да се чувствувате.

Не знам кога конечно ќе разберете и прифатите дека:
– короната е вистинска
– короната е присутна, овде е
– короната не е заебанција, нека е и вештачки создадена
– никој ама баш никој не е короноотпорен, ниту вие ниту вашите најблиски
– ако не се грижите за своето здравје, ако сте несовесни и неодговорни знајте дека во опасност ги ставате блиските и сите нас
– мора (глупо ми е што ова го пишувам трет месец откако почна коронава) да бидете сериозни
– има едно чудо здравствени работници кои месеци не ги виделе своите или само на саат два и заради ваше безобразие и себичност уште нема да ги гледаат
– претерувате со покажување на нечовечност, ја увидовме одамна таа ваша карактеристика.

Доста е. Зар сите што седат дома не сакаат да шетаат, не сакаат се видат со пријатели и роднини? Тие не знаат што е убаво? Зошто ги казнувате нив?Верувам дека и меѓу верниците има совесни луѓе кои знаат дека ништо на светов не е незаменливо. Се може да се изведе и другпат.

Само едно нешто не е незаменливо – човечкиот живот. Е тука нема “ај пак”.

Доста е, ги преминавте сите граници, пишува Д-р Јанкуловски

Сограѓани, сожители, соселани од сите вери и нации и како и да се чувствувате.Не знам кога конечно ќе разберете и…

Gepostet von Denis Jankulovski am Samstag, 9. Mai 2020