Чувањето на билките во домот игра голема улога во подобрувањето на вашето здравје

72

Тие покрај тоа што се одлични за декорација и даваат пријатна атмосфера во вашиот дом, имаат позитивно влијание врз вашето физичко и психичко здравје.

Помагаат за да се релаксирате

За релаксација највеќе помага Африканската темјанушка. Сè што треба да направите е да погледнете во нејзините виолетови листови од цветот и ослободувањето на адреналинот ќе се стимулира. Како резултат, ќе се чувствувате поенергични и ќе се зголеми протокот на кислород во мозокот, со што ќе ви биде полесно да се релаксирате.

Тие се природни навлажнувачи на воздухот

Наместо да купувате скапи апарати за регулирање на сувиот зимски воздух, ставете домашен папрат во вашиот дом. Папратот преку процес на транспирација испушта влага, така што порите на долниот дел од ливчињата буквално се потат и испуштаат потребна влажност.

Имаат лековита моќ

Алое вера е растение познато како растение на бесмртноста и старите Египќани го користеле за лечење на рани. Денеска, луѓето го употребуваат за изгореници од сонце и други слични повреди така што буквално го тријат на раната.

Ја зголемуваат креативноста

Доколу имате проблеми со инспирацијата, растенијата се одлични да ви помогнат да ја зголемите вашата креативност. Домашното растение Кротон е одлично во ваквите ситуации, бидејќи неговите шарени листови инспирираат и внесуваат енергија во домот.

Ги намалуваат алергиите

Доколку имате проблеми со алергии, секоја зима кивате на прашина, тогаш на вашиот дом му е потребно растението Хлорофитум. Листовите на ова растение апсорбираат алергени, како што е прашината и дури за два дена хлорофитумот може да намали 90% од токсините во вашиот дом.

Го прочистуваат воздухот

За да бидете сигурни дека воздухот кој го дишете во вашиот дом е чист и здрав, тогаш купете бршлен! Научниците потврдиле дека ова растение е број еден прочисутвач на воздухот, бидејќи најдобро апсорбира формалдехид.

Обезбедуваат енергија

Амарилис е растението кое ќе ја зголеми енергијата и вашиот апетит. Најдобро е да го чувате во бањата, на тој начин побрзо ќе ве расони и ќе ви даде енергија побрзо да се спремите наутро.

Помагаат за подобра концентрација

Според едно истражување направено од страна на студенти по агрикултура, докажано е дека доколку во собата имате растение вашата внимателност ќе се зголеми за 70%. Бамбусот ќе ви помогне да имате поголема концентрација во работата, но внимавајте некогаш може да има проблем доколку нема доволно светлина.

Го намалуваат стресот

Според друго истражување, докажано е дека растението Антуриум го намалува стресот, па нели е тоа доволна причина ова растение да ја украсува вашата соба?