Секој германски фудбалски репрезентативец ќе добие по 400.000 евра во случај да го освои Светското првенство во Катар, соопшти денеска Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ).
Тоа значи дека фудбалерите би добиле 50.000 евра повеќе отколку што би добиле доколку го освоеа претходниот Мундијал во Русија во 2018 година, кога за триумфот се предвидуваа 350.000 долари, објави весникот The Cite.
“Одржавме интензивна дискусија во добра и конструктивна атмосфера. На крајот најдовме прифатливо решение за сите“, изјави претседателот на DFB, Берн Нојендорф.
На преговорите во име на играчите присуствуваа капитенот Мануел Нојер, Томас Милер, Џошуа Кимих и Илкај Гундоган. Според договорот, секој играч ќе добие по 50.000 евра за првото место во групата, 100.000 за пласман во четврт-финалето и 150.000 евра за пласман во полуфиналето. Освојувањето на третото место на секој играч ќе му донесе по 200.000 евра, а пласманот во финалето 250.000 евра.
Истовремено, се разговараше и за еднакви плати на женската и машката репрезентација, бидејќи фудбалерките се помалку платени. Секоја репрезентативка доби по 30.000 евра за освоеното второ место на ЕП, а доколку селекцијата ја освоеше титулата би добиле по 60.000 евра.
Доколку фудбалерите го освоеа Европското првенство минатото лето, секој играч би заработил по 400.000 евра, објави The Cite.