БИК | АНТИХОРОСКОП | Откријте го најлошото за луѓето кои ви значат нешто во животот

695

Откријте кој хороскопски знак има најмногу депресивци, во кој има најмногу прељубници и лажговци, а кој најмногу промискуитетни и коцкари.

Кога станува збор за астрологијата, секој сака да слуша пофалби на своја сметка, во што е добар и што хороскопот убаво му предвидува за во иднина. Меѓутоа, во секој од нас постои и онаа мрачна страна, која не би сакале да ја споделуваме со другите.

Но, недостатоците се нешто што порано или подоцна ќе се појават на површина. Затоа, ние ви ги претставуваме најлошите карактеристики на секој од знаците на Зодијакот.

БИК

Биковите се самозадоволни ќутолози, и затоа се многу досадни. Нивниот најголем проблем е од ментална природа, бидејќи сметаат дека никогаш немаат проблеми. Сè им е супер и не ги давите со вашите проблеми. Треба да им се создаде проблем за да животот им биде поинтересен. Нивниот мир е совршен сè додека не се претвори во лудило.

Кога ќе ги исфрлите од такт, тогаш „со своите рогови“ и со сè она што ќе им се најде при рака, со изопачено лице, тргаат кон вас како матадор облечен во црвено. Тогаш закопајте се сами или подгответе секира, бидејќи нема да „падне“ ниту на извинување. Тој ултра-позитивен Бик станува целосно надвор од контрола и следи одмазда, забрана, одредба.

Тие не сакаат промени и се упорни во своите ставови, дури и ако на сите им е јасно дека грешат. Мрзливи се и слаби, но ако тоа некој им го каже, ќе го кренат носот до небото и ќе ги замрзнат односите. Бикот сака да троши пари за себе и за вкусна храна која сам ќе ја изеде, затоа не очекувајте добро да ве угости. Тврдокорен скржавец кој за сбе ги чува најубавите специјалитети и квалитетни пијалаци, а вас ќе ви понуди вода или, ако сте им особено мили со овошен сируп.