
Во етерот постојат енергетски, отровни духовни стрели, кои како арсен лачат “токсична пареа и гас”. Луѓето со присуство на ниски едноцифрени броеви во својот датум на раѓање и животот, целосно се неотпорни на овој “вид енергетски отрови”.
Кога човекот стои пасивно, дури и само 1 час (60 минути), покрај цинични, намуртени и завидливи луѓе, во тие моменти тој со целата сила апсорбира посебни мисловни супстанции, исполнети со штетна и уништувачка енергија. Тој ги апсорбира “енергетските токсини” кажано на јазикот на окултната и кармичката медицина. Овој тип на токсини е најлош за повеќето луѓе, бидејќи со нивната долготрајна апсорпција, кај човекот се јавуваат сите болести, како на физички така и на ментален план.
Дејството на “енергетските токсини” е сериозно и трајно се остварува на скриен начин, на највисоките нивоа на човечкото постоење или егзистенцијата на човекот. Штетните резултати се случуваат по неколку дена, неколку месеци или неколку години. И редовно им се припишуваат сосема други причини, а не овие. Затоа, многу е важно во какво опкружување живее и работи човекот, со какви луѓе е во контакт, да не биде она “со кого си таков си.”
Особено е важно со кого сте додека вашиот енергетски тонус е низок или е во паѓање! Тогаш е исклучително важно да се заштитите од бескрупулозните, злобните, лукавите и завидливите луѓе. Човекот во тие моменти го апсорбира злото како сунѓер, бидејќи е празен, па во него лесно, брзо и без никакви проблеми, влегува лош ментален флуид. И тоа влегува многу побрзо и поефикасно отколку што влегува позитивниот ментален флуид, односно чистата и позитивната енергија.
По долга физичка, ментална, емоционална или духовна тензија, додека човекот бил во позитивна состојба и ја трошел својата енергија, тој по силите на природните закони, преминал во негативна состојба. Тоа не е ништо страшно и абнормално, само што кај повеќето луѓе денес станало речиси акутно-хронична состојба на телото и умот.
Кога многу уморен и исцрпен човекот ќе се најде меѓу немирните, возбудените или лошите луѓе, тој неизбежно добива од нив најмногу негативна енергија која тие му ја даваат. Тој како сунѓер апсорбира сѐ што е лошо од нив. Иако можеби на тоа се спротивставува, тој истиот човек почнува да се однесува како целата група негативни луѓе, без разлика колку настојува тоа да не биде така.
Кај таков човек може да се роди тежок песимизам и разочарување како последица на сето погоре наведено. Во тие моменти ги зафаќа страв, паника и несигурност, па тој станува толку неодлучен и непромислен што прави работи кои никогаш порано не би помислил да ги направи. Најдоброто превентивно решение за него е веднаш да се ослободи од таква група на луѓе и да замине во помирна и позитивна средина.
И ако ги сака броевите, може на подолг златен ланец како привезок да го носи бројот 9, 36, 33 или 999.
Кога човек е во состојба на духовна моќ, со силата на магнет ќе ги одбива штетните и негативните енергии, настаните, ситуациите и лошите луѓе.
Енергетски виталните луѓе се позитивно расположени, имаат многу енергија и ентузијазам во себе. Тие лесно ги надминуваат пречките што го загрозуваат животот и постигнуваат многу високи резултати, за разлика од другите луѓе кои се негативни и спаѓаат во понизок психолошки тип на личности.


















