Кинеската компанија Betavolt неодамна ја претстави батеријата BV100, која е помала од паричка, но има животен век од околу 50 години и не бара полнење.
Иако атомските погони не се ништо ново, Betavolt направи голем напредок во минијатуризирањето на атомските батерии.
Имено, BV100 користи многу побезбеден изотоп на никел-63, кој се распаѓа во стабилен изотоп на бакар. Дијамантскиот полупроводнички материјал во батеријата овозможува стабилно функционирање во температурен опсег од -60 до 120 °C.
Со димензии од само 15 x 15 x 5 mm, како изотопите се распаѓаат, BV100 постојано генерира електрична енергија, за разлика од конвенционалните батерии кои едноставно складираат енергија.
Минијатуризација на атомската енергија
Betavolt тврди дека е првата компанија која успешно ја минијатуризира атомската енергија, ставајќи 63 нуклеарни изотопи во батерија помала од една пара, со што се става многу „далеку пред сите европски и американски академски и комерцијални институции“.
Иако самиот термин „атомска батерија“ звучи небезбедно, Betavolt тврди дека BV100 е целосно безбеден за потрошувачите, бидејќи нема да испушта зрачење дури и ако заштитниот капак е пробиен. Компанијата планира масовно производство на батеријата оваа година, додека следната година ќе претстави помоќна верзија.
Betavolt цели кон вселенската индустрија, медицинската опрема, уредите за вештачка интелигенција, малите дронови, роботиката и практично секоја индустрија на која ѝ требаат батерии со долг век на траење.

Следат нови пронајдоци
Многу аналитичари тврдат дека излезната моќност од 100 mW (микровати) на 3V (волти) не е особено импресивна, така што Betavolt веќе планира нова атомска батерија од 1 ват во 2025 година, а како што технологијата се подобрува, наскоро може да видиме батерии за паметни телефони кои не бараат полнење.
„Батеријата може да им овозможи на уредите како паметните телефони да функционираат неодредено време без полнење или беспилотните летала да летаат без слетување“, пишува компанијата на својата веб-страница.
Betavolt BV100 и неговиот наследник од 1V се доволно импресивни, но кинеската компанија веќе бара начини да го подобри животниот век и моќноста на своите атомски батерии.
Тие во моментов експериментираат со изотопи како што се strontium-90, promethium-147 и deuterium и се надеваат дека ќе произведат батерии со животен век од 230 години.



















