АВТОФАГИЈА (autophagy) | Зошто медиумите молчат за ова??? Фото/Видео

6277

Чај некој природен како маточина, зелен и во секој случај од село да е.

За појадок, после 11 часот, јадам овошје, сушено овошје, јаткасти производи и едно варено јајце. После тоа пијам две шолји чај.

До ручек ако сум повторно гладен нешто од ова мени.

За време на ручекот бидете опуштени, но обидете се да го подготвите со ваша рака. Јас лично, купувам месо од село, го имате каде и да посакате и со малку напор можете да се договорите со селаните за вас да одгледуваат кокошки, свињи и сл.

Исто така, ќе и помогнете на нашата економија да се развива, како и на вашето здравје.

На тој начин ќе ги елиминирате најтешките отрови кои ви се нудат преку месото од мегамаркетите со сомнително потекло, бидејќи се работи на тоа да се уништи селото и малите производители на здраво месо.

Така, ручајте опуштено и без грижи, но здраво. Кафе дури после ручек кога во организмот има толку многу витамини и здрави протеини што не може да пречи, и при тоа, тоа е периодот кога ќе почувствувате дека очите навистина ви се затвораат, а не наутро на празен стомак што сум применувал 20 години од животот затоа што бев неинформирано магаре.

По ручекот пред почетокот на постот, изедете уште малку сушено овошје или што и да е од здравото мени и во 7 часот збогум храна до утре во 11 часот.

Автофагијата ќе биде поефикасна со текот на деновите, а кога ќе стекнете навика да земате здрави витамини по 11 часот наутро, ќе почнете да се чувствувате многу подобро.

Ви го гарантирам тоа лично и персонално.

На крај во процесот на автофагија, исфрлив досега најголем број клипови затоа што сум хронично полн со енергија и мозокот ми работи совршено. Тинитусот е едвај видлив и повеќе не ми пречи.

Проучете ја автофагијата, особено одете во научен дел на Гугл и споделете го името на господинот д-р Yoshinori Ohsumi затоа што човекот навистина го заслужува тоа, еден е од великаните на светската наука досега.