Австралиец сними појава на “црвени молњи” | Видео

1367

Австралискиот астроном Дејвид Финли (44) на небото над Нов Јужен Велс сними појава на повеќе т.н. „црвени молњи“, што претставува навистина редок феномен.

– Ја наместив камерата и буквално за неколку минути небото го опсипаа црвени молњи. Не можев да поверувам. Мислев, ќе имам среќа ако снимам барем една, а тие само паѓаа, раскажува Финли.