Телескопот Pan-STARRS забележал МИСТЕРИОЗЕН објект ! “Можеби се веќе тука, не проучуваат…” | Видео

1119

Официјални лица на Пентагон во нацрт-документот минатата недела изјавиле дека вонземјаните можеби го посетуваат Сончевиот систем и испраќаат помали сонди за истражување, како што прави NASA кога истражува планети.

Нацрт-истражувачкиот извештај, напишан од Шон Киркпатрик, директор на Канцеларијата за решавање на аномалии на сите домени (AARO) на Пентагон и Абрахам Лоеб, директор на одделот за астрономија на Универзитетот Харвард, наведува дека вештачки меѓуѕвезден објект потенцијално може да испрати бројни мали сонди во лет веднаш покрај Земјата.

„Таа операција не се разликува многу од мисиите на NASA. Тие таканаречени „семиња од глуварче“ можат да се одвојат од мајчиното возило со гравитационата сила на Сонцето или со способноста за маневрирање“, велат експертите, пренесува New York Post.

AARO е формиран во јули 2022 година и е одговорен за следење на објекти на небото, под земја и во вселената, и потенцијално објекти кои можат да се движат од една реалност во друга. Во 2005 година, американскиот Конгрес ја задолжи НАСА да пронајде 90 отсто од сите објекти блиску до Земјата поголеми од 140 метри, по што се создадени телескопите Pan-STARRS.

Необичен меѓуѕвезден објект

Во октомври 2017 година, Pan-STARRS откри необичен меѓуѕвезден објект подоцна наречен Oumuamua, или извидник на хавајски. Објектот бил во облик на пура, изгледал рамно и се оддалечувал од Сонцето и не покажувал трага, поради што некои научници веруваат дека е создаден вештачки.

Три години подоцна бил откриен уште еден објект кој не оставал „опашка“. Извештајот исто така вели дека шест месеци пред Oumuamua да се приближи до Земјата, меѓуѕвезден метеор широк околу еден метар паднал на Земјата и имал сличен облик на Oumuamua.

„Со добар дизајн, таквите мали сонди можат да стигнат до Земјата или до Сончевиот систем за истражување додека матичниот брод минува на растојание од Земјата-Сонцето, како што беше случајот со Oumuamua. Астрономите не можат да детектираат мини сонди бидејќи тие не рефлектираат многу сончева светлина за да ги забележат телескопите“, додаваат авторите.

Бонус видео