Бананите можат да бидат штетни доколку ги имате ОВИЕ здравствени проблеми !

1246

Секоја година во светот се јадат повеќе од 100 милијарди банани.

Ова овошје е едно од најздравите, но има луѓе кои би морале да го ограничат внесувањето на оваа храна или трајно да го исфрлат од исхраната.

Бананите се специфични по тоа што содржат многу скроб, што значи дека имаат повеќе јаглехидрати од другите овошја. Покрај тоа, бананите се полни со витамини и минерали. Иако постои мислење дека само агрумите (цитрусите) содржат витамин Ц, истото може да се каже и за бананите.

– Освен овој витамин содржат и калиум, магнезиум, цинк и железо. Со конзумирање на само една банана во текот на денот задоволуваме 10% од потребниот внес на калиум – објаснува нашата соговорничка, нутриционистката Ивана Мишиќ.

– Оптималниот внес на ова овошје е една до две банани дневно. Бананата е скробно овошје и содржи јаглехидрати, но скробот е сложен јаглехидрат и го олеснува варењето. Можам да кажам дека бананата е дефинитивно едно од најквалитетните овошја – истакнува Мишиќ.

Бананата, како и сите други намирници, не е ниту апсолутно добра ниту апсолутно лоша. Нејзиниот внес мора да биде ограничен поради количината на скроб и јаглехидрати. Тоа овошје има висок гликемиски индекс. Неговото внесување ја зголемува количината на шеќер во крвта, па затоа не се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со дијабетес или страдаат од отпорност на инсулин.

Покрај тоа, поради високата количина на калиум, треба да се ограничи кај луѓето кои користат бета блокатори кои самите го содржат овој минерал. Луѓето со различни бубрежни заболувања треба да избегнуваат банани.

– Бидејќи увезуваме банани, не можеме со сигурност да знаеме како се одгледувани и дали се органски или не, освен ако не е конкретно назначено. Секако дека би било подобро да се јаде органски доколку имаме можност. Како нутриционист секогаш советувам дека е подобро да се јаде било кое овошје отколку целосно да се отфрли ако не е органско – советува нашата соговорничка.

Бананата е овошје кое рано им го воведуваме на бебињата. Штом се воведе цврста храна, се препорачува да им се понуди на децата.

Една банана има помеѓу 80 и 90 калории, што би значело дека луѓето на рестриктивна диета мора да го ограничат внесот.