НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ НА НАУЧНИЦИТЕ ! Она што го пронашле во античките градови на Маите ги изненади сите | Видео

1606
Со LiDAR 3D е прикажан пирамидалниот комплекс La Danta, лоциран на источната страна на центарот во El Mirador, Guatemala

Ласерската технологија им помогнала на истражувачите да откријат непознато место на Маите со површина од 1.683 квадратни километри, нудејќи нови сознанија за древните Mesoamericans и нивната цивилизација.

„Ова е прв светски систен на суперавтопат што го имаме“, рече водечкиот автор на студијата Ричард Хансен, професор по антропологија на Државниот универзитет во Ајдахо.

Истражувачите откриле огромно место во сливот Mirador-Calakmul Basin во северна Гватемала користејќи ја технологијата LiDAR, ласерски систем за мапирање што овозможува откривање на структури под густите врвови на дрвјата, пренесува CNN.

Добиената карта покажа област составена од 964 населби поделени на 417 меѓусебно поврзани градови, населби и села на Маите.

Мрежа од 177 километри издигнати камени патеки што ги поврзувале заедниците открива дека раната цивилизација била дом на уште покомплексно општество отколку што се мислело, според неодамнешната анализа на архитектонските групи објавена во списанието Ancient Mesoamerica.

LiDAR се користи за откривање на остатоците од раните цивилизации на Маите од 2015 година, кога се извршени две големи истражувања на јужната половина на сливот Mirador-Calakmul, и оваа технологија овозможува овие откритија да се направат без да се оштети дождовната шума.