7 работи што не сте ги знаеле за европското Рио де Жанеиро | Просечна плата 4500€ | Видео

1920

Неговата панорама неодоливо потсетува на познатиот бразилски бисер, поради што многумина го нарекуваат европски Rio de Janeiro.

Поради топлите лета привлекува многу познати личности од целиот свет, поради што и го доби прекарот швајцарски Monte Carlo 

1. Lugano е град и општина во јужниот дел на Швајцарија во кантонот Ticino на границата со Италија. Покрај тоа, тој е најголемиот град со мнозинско население што зборува италијански надвор од Италија. Во градот живеат околу 63 илјади жители или околу 150.000 со приградски населби. Поради својата близина до Италија, Lugano има силно италијанско влијание врз архитектурата, културата и начинот на живот.

2. Градот лежи на глечерното езеро Lugano, кое се наоѓа на надморска височина од 271 метар во подножјето на Алпите. Езерото има површина од 49 квадратни километри, од кои 31 квадратен километар се во Ticino, а останатите во соседна Ломбардија. Најголемата длабочина на езерото е 288 метри. Водата на езерото во летните месеци се загрева и до 24 Целзиусови степени.

3. Lugano има многу прекари. Неговата панорама неодоливо потсетува на познатиот бразилски бисер, поради што многумина го нарекуваат европски Rio de Janeiro. Поради топлите лета, привлекува многу познати личности од целиот свет, поради што и го доби прекарот швајцарски Monte Carlo.

4. Како што доликува на модерно летувалиште, но и град кој е оддалечен само 80 километри од Милано, Lugano е и мека за сите љубители на скапи модни брендови. Овде можете да најдете сè, од облека од Gucci, Pradа и Louis Vuitton до модни додатоци на Rolex и Patek Philippe.

5. Градот е опкружен со планините Bre и San Salvatore. До San Salvatore се стигнува и со жичница од која можете да уживате во магичниот поглед на Lugano и околината, изградена во далечната 1886 година.

6. Поради своите живописни пејзажи, но и шармантниот центар на стариот град, Lugano се етаблира како популарен туристички град. Од друга страна, ова е трет банкарски центар на Швајцарија, па може да се каже дека Lugano на свој начин ги комбинира швајцарската ефикасност и италијанската (медитеранска) релаксација.

7. Lugano е исто така многу скапо место за живеење, од перспектива на некој со понизок стандард, бидејќи иако цените се повисоки отколку во Македонија, просечната плата е околу 4500€. Литар млеко во продавница чини нешто помалку од 2€, а половина килограм леб чини околу 3€. За мало пиво од 0,33 литри во кафулињата треба да потрошите околу 5€, а за евтин оброк во ресторан ќе платите 24€.

При спомнувањето на идилично место каде кафето безгрижно се пие покрај езеро, лесно може да ни заблеска во очите желбата за патување.