Јужнокорејска сонда обезбеди нов поглед на Месечината и Земјата | Видео

944

Фотографиите и видеата ќе се користат за избор на локации за можна мисија на Месечината во 2032 година.

Првата јужнокорејска лунарна сонда, Данури, испрати фасцинантни црно-бели фотографии од површината на Месечината и Земјата, објави во вторникот јужнокорејскиот вселенски центар.

Сондата „Данури“ беше лансирана во август од САД со ракета „Спејс Икс“, а во декември беше поставена во орбитата на Месечината по летот што траеше подолго за да заштеди гориво.

Фотографиите се направени помеѓу 24 декември и 1 јануари на надморска височина помала од 120 километри од површината на Месечината, објави Корејскиот аеронаутички истражувачки институт.

Фотографиите и видеата ќе се користат за избор на локации за можна мисија на Месечината во 2032 година, се вели во соопштението.

Данури ја обиколува Месечината за два часа.

Следниот месец сондата ќе започне со научна мисија и за тоа време ќе ја мапира и анализира површината на Месечината и ќе врши мерења на магнетната сила и гама зрачењето.

Тие ќе го тестираат и експерименталниот „вселенски интернет“ со испраќање фотографии и видеа на Земјата.

Освен што ќе испрати вселенско летало на Месечината во 2032 година, Јужна Кореја планира да испрати вселенско летало на Марс до 2045 година.