UK, Japan, Itlay | Изработуваат борбен авион од следната генерација со вештачка интелигенција ! Видео

862

Велика Британија, Италија и Јапонија ќе започнат со работа на развој на нов борбен авион кој ќе користи вештачка интелигенција.

Авионот треба да биде завршен и да стапи во употреба во средината на следната деценија, а се планира да го замени повеќенаменскиот борбен авион од четврта генерација, Eurofighter Typhoon, јавува Би-Би-Си.

Работата на развојот на новиот авион е веќе во тек, а тој ќе биде опремен со модерни стелт системи, напредни сензори и ќе користи вештачка интелигенција за да му помогне на пилотот кога е преоптоварен или под екстремен стрес.

Исто така, леталото е дизајнирано да лета без пилот, а ќе може да истрела хиперсонични ракети. Британскиот премиер Раши Сунак изјави дека заедничката програма ќе отвори илјадници нови работни места во Велика Британија и ќе ја зајакне безбедноста на земјата, пренесува Би-Би-Си.

Сунак наведува дека изградбата на комплексен авион од овој тип е исклучително скапа и дека поради оваа причина Британија барала партнери во развојот на оваа програма.