Маск ја смени приказната | „Без гас и нафта, цивилизацијата ќе пропадне“

1287

Тој нагласи дека светот треба паралелно да користи фосилни горива и да развива одржливи извори на енергија.

Илон Маск со години се залага за одржливи начини за производство на електрична енергија и за намалување на употребата на фосилни горива. Но, се чини дека и тој ја промени приказната.

Говорејќи на конференцијата Offshore Northern Seas 2022 (ONS) во Норвешка, Маск рече дека „цивилизацијата ќе пропадне“ ако светот престане да користи нафта и природен гас и повика на продолжување на дупчењето и истражувањето на изворите на фосилни горива.

Мислам дека треба да користиме нафта и гас на краток рок, бидејќи во спротивно цивилизацијата ќе пропадне, изјави Маск за новинарите за време на конференцијата.

На прашањето дали Норвешка, која со години го намалува производството на фосилни горива и се свртува кон „зелена економија“, сепак треба да продолжи со производството, Маск рече дека тоа би било добро во овој момент.

Тој нагласи дека светот треба паралелно да користи фосилни горива и да развива одржливи извори на енергија.

Еден од најголемите предизвици со кои се соочи светот е транзицијата кон одржливи извори на енергија и економија. Ќе ни требаат децении да го направиме тоа, додаде Маск.

Според неговото мислење, производството на електрична енергија во Северното Море во комбинација со складирање на енергија во големи батерии може да стане клучен извор на енергија во иднина.

Да потсетиме, Маск е голем поддржувач на искористувањето на електричната енергија и нејзиното производство од обновливи и одржливи извори. Неговата компанија Тесла, освен што произведува електрични автомобили, произведува и системи за производство на електрична енергија од соларни панели и складирање на таа енергија во големи батерии.

Сепак, се чини дека е свесен и дека сончевата енергија, барем на краток рок, не е одговор на сè.