СЕ ШИРИ ЕНДЕМСКА БОЛЕСТ | СЗО ги издаде првите упатства: Еве како да препознаете инфекција со мајмунска сипаница

1785

Симптомите на мајмунска сипаница вклучуваат треска, главоболка, болки во мускулите, отечени лимфни јазли, чувство на замор и карактеристичен осип што создава меурчиња и красти на кожата.

Здравствените служби во Европа и Северна Америка бележат зголемен број на случаи на мајмунска сипаница од почетокот на мај. Светската здравствена организација (СЗО), поради стравот во некои делови од Африка да се прошири на други места во светот, нареди внимателно да се следат контактите со заразените луѓе.

Обединетото Кралство пријави девет случаи на зараза, Шпанија осум, Италија еден, со уште двајца осомничени, Шведска и САД исто така еден, Канада 13 и Португалија дури 20, пишува.

Слично на големите сипаници

Според СЗО, од 2017 година во Нигерија се пријавени 558 сомнителни случаи на мајмунски сипаници. Потврдена е инфекција на 241 лице, од кои осум починале. Вирусот е сличен на оној на големи сипаници, но најчесто предизвикува поблага болест.

Инфекцијата се пренесува преку капки, близок физички контакт и контаминирани предмети. Симптомите вклучуваат треска, главоболка, болки во мускулите, отечени лимфни јазли, чувство на замор и карактеристичен осип што создава плускавци и красти на кожата. Времето на инкубација на вирусот е околу 10 дена, а симптомите траат од две до четири недели.

Заразените треба да бидат изолирани

Европскиот центар за превенција и контрола на болести има намера да го објави првиот извештај „на почетокот на следната недела“ поради ширењето на инфекцијата. Агенцијата тврди дека ја следи состојбата и препорачува „да се изолираат и тестираат сомнителните случаи и за тоа да се информираат надлежните органи“.

СЗО препорачува детално испитување на сите случаи на невообичаени кожни состојби и изолација на пациенти за кои постои сомневање дека се заразени со мајмунска сипаница.