Аки утрото разговарал со Ситна | Планирал да оди во Македонија кај мајка му

3014

Фронтменот на Парни Ваљак Аки Рахимовски ненадејно почина во сабота на 67-годишна возраст.

Аки Рахимовски утрово планирал патување во Македонија и посета на мајка му. Вечерњи лист пишува дека утрото телефонски разговарал со пријателот Здравко Ситновски Ситна во Скопје, кој сакал да го пречека на аеродромот во Македонија.

Аки неколку минути пред смртта го повикал во Загреб познатиот клавијатурист на некогашниот бенд Time, Тихомир Поп Асановиќ. Но, Асановиќ немал мобилен телефон до себе, па дури подоцна видел пропуштен повик, кој го познава од средината на 1970-тите. Тој сè уште имал многу добри планови со Аки, а веста за неговата ненадејна смрт го шокира.

Ненадејно починал во Словенија

Фронтменот на Парни Ваљак, Аки Рахимовски, да потсетиме, ненадејно почина во саботата во Словенија на 67-годишна возраст.

Веста за неговата смрт е објавена на официјалната страница на бендот на Фејсбук.

“Za malo nježnosti,

na sve ću pristati, za malo nježnosti,

da mogu zaspati.”

Dragi prijatelji, s neopisivom tugom u srcu vam javljamo da je danas, 22.1.2022. zauvijek zaspao Aki Rahimovski”, напишаа во соопштението.

Пејачот со препознатлив глас е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш. Иако многумина не му предвидуваа светла иднина во 1975 година, кога ја започна својата музичка кариера во Парни Ваљак, трагите што Аки заедно со бендот ги остави зад себе нема да бидат избришани, а доказ за тоа е фактот дека нивните песни се сакани од сите, и од оние кои тогаш не биле ни родени.

Иако Аки последните години ги помина во Словенија со својата партнерка и нивната ќерка, неговиот менаџер потврди дека последното збогување на музичарите ќе биде во Загреб.