Симптомите ги наведоа лекарите да се сомневаат во мозочни компликации кај околу 11 отсто од пациентите хоспитализирани поради Ковид.
Приближно еден процент од пациентите хоспитализирани со Ковид-19 веројатно ќе имаат компликации на централниот нервен систем, објавија научниците на годишниот состанок на Северноамериканското здружение за радиологија.
Меѓу скоро 38.000 пациенти хоспитализирани со Ковид-19 во Соединетите држави и Европа, симптомите ги навеле лекарите да се посомневаат за компликации на мозокот кај околу 11 отсто од пациентите.
Најчестиот наод бил мозочен удар
Снимањето со магнетна резонанца (MRI) и компјутерска томографија (CT) потврди абнормалности на централниот нервен систем, најверојатно поврзани со вирусот, кај десет проценти од овие пациенти, со вкупна инциденца од 1,2 проценти.
Најчестиот наод бил мозочен удар поради затнати артерии, но научниците откриле и крварење во мозокот, воспаление на мозокот и други потенцијално смртоносни компликации.
Водачот на студијата д-р Scott Faro од Универзитетот Thomas Jefferson во Филаделфија рече дека проблемите со белите дробови поврзани со Ковид-19 се добро познати.
„Нашата студија покажува дека компликациите на централниот нервен систем се значајна причина за морбидитет и смртност во оваа катастрофална пандемија.“



















