Клучот на пеколот | Прирачник за Црна магија од 18 век

1985

Магијата, црна или бела, е присутна уште од најраните култури, па дури и во 21 век има важна религиозна и исцелителна улога во многу делови од светот.

Бидејќи современото општество денес ја третира како суеверие, магијата најчесто се практикува во тајност, изолирана од очите на јавноста.

Векови наназад, низ светот постоеле училишта за магија, а едно од нив било и Црното училиште во Wittenburg, Германија од 18 век, училиште во кое вештерките и волшебниците можеле да ги научат сите тајни на црната магија.

Една од страниците од книгата што ја прикажува змијата Uroboros, древен симбол на вечноста; го претставува остварувањето на целосниот циклус, циклусот на животот и вечноста.

Главниот прирачник во Црното училиште била книгата наречена „Clavis Inferni sive magia alba et nigra approbata Metatrona“ или „Клучот на пеколот со бела и црна магија одобрена од Метатрон“, попозната како Црна книга. (Според еврејските средновековни документи, Metatron e Henok, предок на Ное кој станал ангел.)

Црната книга на Витенбург е напишана со магично писмо што се користело во Германија во 18 век, кое се состоело од комбинација на германски, хебрејски, латински и грчки јазик. Автор на книгата бил Св. Кипријан Антиохиски, волшебник кој се занимавал со демоните и ѓаволот пред да се заљуби во една христијанка поради која на крајот и самиот ќе се преобрати во христијанство (така што со рацете направил крст и се ослободил од Сатаната).

Крунисаниот Змеј го јаде гуштерот, превиткувајќи се над змијата обвиткана околу крстот со черепот и вкрстени коски. Мечот и гранката веројатно ја претставуваат вообичаената иконографија на Божјите сили за создавање уништување или мир. На страницата пишува (груб превод): „Вие што работите сами со големи чуда, крајот ќе ја круниса вашата работа“.
“Печат за одобрување”
Оваа страница се црната птица Maymona како крал на Југот и Egyna, животно што наликува на црна мечка, како крал на Северот.
Uricus, црвена змија со крилја и круна како крал на Истокот, и Paymon, животно што личи на црна мачка со долги рогови како крал на Западот.
Пентаграм со магични симболи
На страницата е прикажан Metatron опкружен со шифрирани пораки на грчки и хебрејски.
„Златен печат“
Една од многуте текстуални страници (веројатно подетални описи на магиите).
Првата страница од книгата (насловна).