ЕГО епидемија | Сѐ повеќе жени се сметаат себеси за феноменални

1534

Жените никогаш не биле толку егоцентрични и нарцисоидни, се тврди во новите психолошки истражувања.

Според нив, повеќето жени имаат огромни очекувања од себе, од својот живот и од сите луѓе околу нив. Тие мислат дека светот се врти околу нив, со речиси лудо чувство за сопствена слава, верувајќи дека се попаметни, поталентирани и попривлечни отколку што всушност се.

На денешните жени им е тешко да прифатат критики и да покажат емпатија затоа што се премногу преокупирани со себе.

Те вознемири ова погоре?

Претпоставуваме, бидејќи нарцисоидните и егоцентричните жени се исто така премногу арогантни.

Секако дека се шегуваме. Но, навистина научните истражувања велат дека има сè поголеми докази за епидемија на его и нарцизам.

Нарцисоидноста до сега била претежно машки синдром, кој по правило влече корени од домашното воспитување и училиштето, каде децата се наградуваат ексцентрично, разгалени и принудени да мислат дека се нешто посебно.

Во една неодамна објавена статија, четири слободни жени изјавиле зошто мислат дека сѐ уште се соло. 39-годишната режисерка тврдела дека е премногу независна за да биде во врска, 38-годишната музичарка својата слобода ја објаснува и со независноста, силните ставови и големите достигнувања. Таа вели дека сите ѝ зборуваат, а верува дека е премногу образована и успешна за повеќето мажи.

Третата, 30-годишна девојка изјавила дека едноставно се забавувала премногу добро да би се смирила.

Четвртата, 29-годишна девојка вели дека е премногу пребирлива. Нејзиниот избраник треба да биде висок, шармантен, успешен, со автомобил и …

Психолозите експерти анализирајќи ги нивните ставови и однесување дошле до заклучок дека во сите четири коренот на проблемот лежи во нарцизмот, прекумерното чувство на самопочит.

Се разбира, нема ништо лошо во поставувањето високи критериуми, но да се залажувате и да имате целосно нереални очекувања и погледи за себе и за светот околу вас е сосема друга работа.

Според истражувањето спроведено во САД, има зголемување на нарцизмот за околу 67 отсто во последните две децении во споредба со претходните периоди, иако овој пат најмногу кај жените. Се верува дека моментално околу 10 проценти од населението страда од нарцизам до таа мера што може да се смета за нарушување на личноста.

Симптомите на нарцисоидност вклучуваат

  • огромно чувство на самобитност,
  • верување дека тој или таа се нешто посебно и на некој начин подобри од другите, било интелектуално или физички,
  • желба да им се восхитуваат другите,
  • чувство дека имаат право на нешто посебно, пари, слава или богатство со кое би постигнале туѓа завист,
  • неможност да се идентификуваат со другите,
  • неможност да признаат грешка,
  • арогантно однесување, став и однос кон другите.

Она што ги загрижи научниците повеќе од порастот на бројот на нарциси е тоа што нарцисоидноста се смета за „нормална“ состојба – културна промена во која дури и ненарцисоидните луѓе се заведени со нагласување на материјалното, физичкиот изглед и славата.

Според научниците, фокусот на самовосхитување предизвика културна промена од реалноста према животот во светот на имагинацијата. Имаме „вообразени богаташи“ (со огромни заеми, хипотеки и долгови), „вообразени убавици“ (поради пластична хирургија), „вообразени познати личности“ (преку reality show) „вообразени научници“ (асистенти на факултети кои кој знае како стигнете до тие позиции) и „умислени пријатели“ (поради развојот на социјалните мрежи како Facebook).

Нема ништо лошо во здравата доза на самодоверба, но добрината и скромноста ќе ни ги исполнат животите, а не нереалното доживување на нашата сопствена личност.

Според др. Carol Craig, британски експерт за самодоверба и благосостојба, живееме во свет и култура што ги охрабрува луѓето да веруваат дека се нешто посебно и дека го заслужуваат само најдоброто и/или дека се доживуваат како успешни. Во овој случај, додава тој, не се работи за самодоверба, туку за нарцисоидност.

Др. Craig верува дека враќањето на самодовербата во здрава рамнотежа ќе ги врати во рамнотежа и љубовниот и финансискиот живот на нарцисоидна личност.

Тој наведува дека треба да знаеме дека еден збор или совет нема да ви помогне ниту вам, ниту на личноста што ја гледате како страда од премногу его, но постојат техники со кои тоа е можно.

„Ако верувате дека заслужувате повеќе во животот, погледнете подалеку од себе. Дарувајте го вашето време на заедницата, добротворни цели, волонтирајте … Верувањето дека прво мора себе да се направите среќни и комплетни, нема да ве однесе никаде ниту ќе ве направи среќни на долг рок, но грижата за другите, да“, заклучува д-р. Craig.