Може да се појават состојби како хроничен замор, главоболки и исцрпеност, додека некои ова чувство го споредуваат со т.н. jet lag.
Започна зимското сметање на времето со поместување на стрелките еден час наназад.
Имено, во Европа летното сметање на времето почнува во последната недела во март, а завршува во последната недела во октомври. Укинувањето на сезонското поместување на часовникот се расправа од 2018 година, но Европскиот парламент сѐ уште нема донесено одлука, па викендов ќе спиевме подолго, но помалку ќе уживаме во сонцето.
Негативно влијание врз биолошкиот часовник
Додека некои ќе бидат воодушевени од дополнителниот час сон, поместувањето на часовникот за многумина негативно ќе влијае на биолошкиот часовник. Имено, може да се јават состојби како хроничен замор, главоболка и исцрпеност, додека некои ова чувство го споредуваат со т.н. jet lag, нарушување на спиењето поради промена на временските зони.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да се справите со менувањето на часовникот.
Избегнувајте предолго спиење
Експертите советуваат дека е пожелно да се избегнува продолжениот сон бидејќи тоа го нарушува природниот биоритам на организмот. Тој додава дека главно треба да се избегнува предолгото спиење за време на викендите за телото да не ја почувствува разликата во текот на работната недела.
Покрај тоа, спиењето треба да се одложи до целосна исцрпеност. Маричиќ предлага користење на светлината, односно да го поминете денот на сонце, а навечер под светла, со цел да му даде до знаење на мозокот дека се уште не е време за спиење. Имено, со светлина можеме да го спречиме производството на мелатонинот, хормон кој го поттикнува заморот.
Од друга страна, утрата треба да ги направиме што е можно помрачни бидејќи светлината му кажува на телото кога е време да се разбуди. Психолозите затоа советуваат да ја затемните спалната соба пред спиење со спуштање на ролетните или со навлекување на завесите.



















