Убавината не се постигнува само со козметички процедури и корекции.
Постојат некои видови храна и групи производи кои можат да нè дотеруваат како во последен момент пред важен состанок, така и неколку дена пред настанот, за што сакаме да изгледаме добро.
Кои се тие?
Чај од хибискус (каркаде)
Каркадето има диуретични својства. Ако испиете една-две чаши два часа пред настанот, за која сакате да сте неодоливи, тоа ќе ја отстрани надуеноста по лицето и торбичките околу очите.
Во чајот од хибискус се содржат многу корисни антиоксиданси, кои ја подмладуваат кожата и ги отстрануваат токсините од неа. Тоа го враќа нејзиниот сјај и младешки изглед.
Посни протеини
Кога се обидувате итно да симнете некој килограм или пак треба да се стегнете во омилениот фустан до сабота, јадете претежно посни протеини. Меѓу нив се леќата, гравот, рибата, нискомаслено сирење, варива.
СО фокусирањето на овие производи во рок од неколку дена ќе се ослободите од вишокот на течности во телото а истовремено со тоа ќе се отстранети или ги намалите јаглехидратите. Ќе видите колку брзо ќе успеете да го облечете омилениот фустан.
Рукола
Благо горчливата рукола е преполнета со фитохемикалии кои имаат својство да ги прочистуваат бубрезите и црниот дроб. Ова помага не само за варење, но и за подобрување здравствената состојба на кожата.
Овошје
Плодовите се богати со дигестивни ензими и делуваат како природен диуретик. Ова помага за ослободување од вишокот натриум предизвикува задржување на течности, висок крвен притисок, формирање на целулит и масни наслаги. Ако нагласуваме повеќе на овошјето во вашата исхрана, нема да згрешиме. Ќе сте ем поубави, ем послаби.
Спанаќ, пиперки и тиква
Зеленчукот е суперполезен за здравјето и убавината. Но спанаќот, пиперките и тиквата имаат особен придонес кон разубавување.
Овие зеленчуци содржат малку калории и помагаат за побрзо и корисно освежуање. Во тиквата се содржи бета-каротин, кој ја подобрува текстурата на кожата и ги спречува брчките. Антиоксидантите во неа пак придонесуваат за подобрување на тургората на клетките, што ве тера да изгледате вистински подмладено.
Спанаќот, пиперките и тиквата се извори на посни протеини и влакна кои заситуваат за долго време и ве штитат од посегнување кон штетните колачи и готови јадења.



















