ПРЕСВРТНИЦА ВО МЕДИЦИНАТА | Дали е ова крај на неплодноста?

2173

Здраво женско новороденче родено со царски рез во 35-та недела од бременоста, тешко 2.550 грама.

Бразилка на која и беше пресадена матката на здрав донор, роди здраво девојче, што е прв ваков случај во светот, посочуваат лекарите и научниците кои известија за тоа во медицинскиот весник Лансет.

Тоа е голема надеж за жените кои се борат со неплодност низ целиот свет, веруваат научниците, а раѓањето на девојчето значително ќе се прошири можноста за лекување на сите парови кои досега неуспешно се обидувале да имаат деца.

Родена без матка

Слични операции се веќе изведени во Шведска и Америка, но секогаш се работело за матка на жив донор. Имено, сите десет обиди направени досега во САД, Чешка и Турција, за време на кои е направен обид да се изврши трансплантација на матка кај починатиот донатор, досега биленеуспешни.

Пресвртна точка е бразилскиот случај. Мајката на девојчето е 32-годишна анонимна жена, која поради ретко генетско пореметување, е родена без матка. Во септември 2016 година, на University of São Paulo School of Medicine in Brazil, изврешана и е трансплантација од матката на 45-годишен донатор, кој починал од крварење во мозокот.

Здраво новороденче

Операцијата траела скоро 11 часа. Во екстремно напорна операција, хируршкиот тим внимателно ги поврзал вените, артериите, лигаментите и вагиналните канали. Седум месеци по операцијата, осум оплодени јајца бил всадени во успешно пресадена матка, а бременоста поминала под медицински надзор и без компликации. Здравото женско новороденче е родено со царски рез во 35-та недела од бременоста со 2.550 грама.

Лекарот во бразилската универзитетска болница во Сао Паоло, Dani Ejzenberg, кој го водеше истражувањето, рече дека оваа операција отвора можност за постигнување мајчинство за сите жени кои се борат со неплодност и не можат да забременат или одржат бременост до породувањето.