Успехот во диетите го диктира нашето однесување на социјалните мрежи

1291

Научниците ја открија директната врска меѓу однесувањето на човекот во социјалните мрежи и успешноста на диетите кои ги почитува.

Нешто повеќе, експеримент на Технолошкиот универзитет во Џорџија утврдил дека успехот (или пак неуспехот) во диетите може да се утврди со точност до 77% во зависност од сетот зборови и фрази кои се користат во “Твитер”, на пример.

Според водечкиот истражувач на проектот проф. Мунмун де Кодури “колку успешно луѓето се придржуваат кон дневни цели во исхраната, толку попозитивен став демонстрираат во социјалните односи.

Слични позитивни искази можат да се “Ако не успеваш, значи не се обидуваш доволно напорно”, “Ако никогаш не се сопнеме, никогаш нема да паднеме. А ако не паѓаме, никогаш нема да се научиме како да станеме”.

Други карактеристични страни на луѓетокои се справуваат се со почитување на нивната исхрана, се честиот акцент врз теми како фитнес и здравје и отворената и пријателски настроена комуникација со виртуелните следбеници. Покрај тоа – преку позитивната енергија, споделувањето на здрави рецепти, поттикнувачки мисли и трикови за вежби, тие градат поголема мрежа од пријатели, што ги поддржуваат и тоа неминовно се одразува на нивната желба да продолжат со извршување на своите цели.

Што се однесува до оние кои постојано се неуспешни во обидите да почитуваат диета или да се придржуваат кон здрав режим на исхрана?

Нивната содржина во “Твитер” често покажува негативен тон, страв или пак омраза предизвикани од уште едно разочарување. Според Де Кодури кај нив постојано, може да се забележи како се жалат на недостаток на расположение, од секаков вид болки, од она што се случило во секојдневието или накратко … животот им се чини вечно црн.

За да стигнат до овие заклучоци истражувачите прочитале над 2 милиони твитови од 700 корисника. Одделните твитови биле анализирани лингвистички и сè што открива врска помеѓу изразот на емоционалност и здравјето/благосостојбата на човекот. Заедно со афективните и когнитивните аспекти, лингвистичкиот стил на публикациите исто бил ставен под лупа.

Де Кодури се надева дека овој аналитички потфат ќе создаде поволни услови за подобрување на здравствената состојба и следење на емоционалната состојба на човекот, па да му се подаде на правилен начин рака кога ќе одлучи да се откаже или паѓа во депресија.