Уште во 2015 година израелски нуркачи-аматери на дното на Средоземното Море го откриле најголемото богатство од златници во историјата на земјата.
Археолозите сметаат дека богатството може да се претвори во предвесник на уште поголемо сензационално откритие – на потонат средновековен брод.
Петмината мажи кои се нурнале од пристаништето во античкиот град Сесарија, првично мислеле дека пронашле токени за играта табла, но, констатирале дека откриле злато, по што повикале специјалисти и заедно со нив извадиле на површината 2 илјади монети.

“Наоди од толкаво количество монети што за своето време имало колосална куповна вредност, нè тера да се запрашаме од каде се преземени сите овие монети и тука има неколку верзии. Можно е да сме откриле место на бродолом на брод кој пренесувал за Египет собрани даноци. А може монетите да биле наменети за плати на фатимидскиот гарнизон, лоциран во Сезареја“, објасни директорот за морска археологија од Управата на антиквитети на Израел.



















