Чоколадно рижото

1418

Потребно

  • 6 големи чаши млеко
  • 1 чаша шеќер
  • 2 парчиња ванила
  • 4 лажици масло
  • 2 чаши ориз
  • 1 голема црна чоколада или друго по ваш избор, може и течно чоколадо
  • свежо овошје, ореви

Подготовка

  • Во тенџере ставете го млекото заедно со шеќерот и ванилата кои претходно сте ги скршиле на две по должината.
  • Откако смесата ќе зоврие и шеќерот се стопи, може да тргнете од топлина.
  • Во друга тава стопете путер и ставете го во него оризот.
  • Мешајте минута-две, додадете чаша од млечната смеса.
  • При подготовката на рижото, течноста се додава постепено, додека континуирано го мешате оризот.
  • Кога е целосно подготвен, може да ги додадете чоколадните парченца (кои треба да се растопат) или течното чоколадо.
  • Послужете и посипете со ореви или украсете со свежо овошје.