Потребно
- 1 голема главица кромид
- 250 г пушена сланина
- 2 ловоров лист
- 2-3 големи компири
- 1 праз
- 375 г пченка од конзерва
- 750 мл пилешка или зеленчукова супа
- 500 мл полномасно млеко
- црн пипер и сол по вкус
Подготовка
- Во тенџере загрејте малку маслиново масло или путер и запржете го кромидот.
- Кон него додадете сецкана сланина и ловоров лист.
- Исечете ги компирите на мали парчиња, како за супа и ставете сланина и кромид.
- По 2-3 минути може да додадете и сецкан праз.
- Кога празот ќе подомекне, ставете исцедена пченка и малку сол.
- Конечно дотурете вода / супа.
- Кога супата ќе се згусне малку може да го додадете и млекото.
- Супата е подготвена за сервирање кога компирот е целосно варен и конзистенцијата ѝ е густа.
//