На појадок јадете парче торта, советува експертот Лиз Москоу. Познато е дека нејзините колеги и нутриционистите не советуваат да отпочнеме со масти, омлет или зеленчук.
Москоу тврди дека со средно големо парче торта лесно се согоруваат калориите, бидејќи наутро метаболизмот “работи” колку е можно побрзо, а и пред нас е цел ден. Значи има доволно време за преработка на парчето торта, а и се задоволува гладот за нешто слатко.
Според други пак податоци чоколадото треба да се конзумира наутро за зајакнувањето на мозочната активност и за концентрација. Сепак не треба да се претерува – како со најкорисните, така и со најслатките работи.



















