Корисни јаглехидрати при дијабетес

1921

Оние кои страдаат од дијабетес се ограничени во исхраната. Тие треба да почитуваат исхрана која ќе ја ублажува нивната состојба, да не провоцираат нагли скокови во нивоата на шеќерот во крвта и инсулинот.

Јаглехидратите се супстанциите кои најмногу нагло и најлесно влијаат на нивото на овие индикатори. Затоа важно е какви точно јаглехидрати земате.

Некои од нив се со сложен состав и укажуваат побавно и квалитативно распаѓање во организмот. Тие помагаат за регулирање на шеќерот во крвта и инсулинот .

Сладок компир

Иако оваа сорта компири се слатки на вкус, тие се постојано покорисни за дијабетичарите од обичните компири. Повторно тоа својство се должи на големото количество влакна во нив, како и на бета-каротинот. Можат да се консумираат печени, варени, дури и пржении пак се повеќе корисни од другите компири.

Кафеав ориз

Кафеавиот ориз е богат со растителни влакна и бавно деградирачки јаглехидрати. Тој е многу покорисен од рафинираниот бел ориз, кој е лишен од полнозрнестата обвивка.
Брзината на разложување на јаглехидратите во кафеавиот ориз е многу побавна од онаа кај белиот.

Овес

Кашата е многу богата со растителни влакна и растителни протеини кои помагаат за квалитетна апсорпција на јаглехидратите во неа. Ова помага ем за регулирање на шеќерот во крвта, ем за создавање на долготрајно чувство на ситост и енергија.

Леќа

Зошто да купувате прескапо и така модерно киноа, како можете да си купите македонска леќа секој ден? Според истражувањата, а и според мислењето на истакнати готвачи со докажано искуство, леќата е покорисна според хранливата вредност од киноа.

Воопшто, зрнестите култири се особено корисни за дијабетичарите, бидејќи исто така спаѓаат во бавно разградувачките јаглехидрати.

Јогурт

Јогурт е неверојатно корисен на многу начини. Во него се содржи корисна смеса од протеини, масти и јаглехидрати. Тој е богат уште на калциум и пробиотици.

Боровинки

Боровинките се меѓу најбогатите на влакна овошја, кои истовремено се и сиромашни со калории. Токму присуството на влакна го овозможува бавното и квалитативно разградување на шеќерот во нив. Тие помагаат за контролирање на крвниот шеќер и инсулинот.