Исто како што ѕвездите можат да ни кажат каков партнер ни одговара, така можат да ни откријат и каков домашен миленик е идеален за нашиот знак.
Овен
На овните никогаш не им е досадно и ретко одмараат. Секогаш се полни со енергија и ентузијазам и тежнеат кон живот полн авантури. Нивната енергичност нема граница, а таков би требало да биде и миленикот. Енергично куче со средна големина ќе биде многу среќно кога ќе оди со вас на долги пешачења или трчања.
Бик
Зависни и тврдоглави по природа, биковите сакаат да се приврзат за некого. Златниот ретривер, лабрадор и други видови на екстремно дружељубиви и верни кучиња ќе ги задоволат потребите не бикот за верен партнер.
Совршен избор ќе биде и мачка која сака да се гали, како шкотскиот фолд, вид кој целото внимание ќе го насочи кон сопственикот. Мачките се идеални за биковите бидејќи не бараат многу енергија.
Близнаци
Остроумните близнаци уживаат во интелектуални разговори. Секогаш се во потрага по возбудливи нешта. Овој знак сака интелегентни предизвици, па така иделен миленик ќе биде животното кое може да го научи да зборува – папагал.
Тој на близнакот ќе му донесе возбуливост и предизвик. Сијамските мачки исто така се идеални за близнаците. Брзо размислуваат, а добро е да се чуваат во пар за меѓусебно да се забавуваат.
Рак
Раковите се многу чувствителни и сакаат да се дома. Чудниот и емотивен рак сака да се грижи за другите. Поради тоа ќе го воодушеви слаткиот и мал хрчак или морско прасе. Ракот ќе знае како да му удоволи и ќе го опсипе со тон љубов и внимание.
Продолжува на страна 2



















