Стрелец
Спонтаниот и слободоумен стрелец често знае во последен час да отиде негде, во авантура, па му треба миленик кој не бара многу грижа. Желка или риба се идеален избор. Доколку пак сака миленик кој ќе го носи на патувањата со себе, иделен сопатник би било кучето.
Јарец
Јарците сакаат и напорно работат, па никогаш не им е доста да вложат повеќе труд во своите цели. Тие се многу независни, па бараат и таков миленик. Затоа кучето не е најдобар избор за нив, но грандиозната персиска мачка би можела да биде.
Водолија
Ексцентричната водолија ги сака необичните миленици како рептили, глодари и егзотични папагали. Само секогаш имајте на ум некој кој ќе може да се грижи за нив додека сте отсутни.
Риби
Рибите се најголемите сонувачи, непоправливи романтичари кои сакаат да се до некого. Поради ова, тие најмногу ќе уживаат во друштво на мал симпатичен зајак кого бескрајно ќе го гушкаат.



















