Јачмен на окото | Алтернативна медицина

3804

Една од непријатностите, со која речиси секој од нас се сретнал во детска или подоцнежната возраст е јачмен на окото.

Малата болна испакнатина, која се појавува во основата на трепките. Сврби, боли, понекогаш се полни и со гној. Ова е една од најчестите очни инфекции, која е предизвикана од бактеријата Staphylococcus Aureus.

Меѓу другите болести или моментални болки со кои се карактеризира јачменот се отекување на целиот очен капак, чувство на гребење на окото, горење во очите, заматен и нејасен вид и др.

Една од најчестите причини за појавата му се лоша хигиена, допир на очите со валкани раце, ненаспаност, користење на туѓа козметика, шминки и други.

Обично јачменот исчезнува најмногу за околу две недели. Консултацијата со специјалист е задолжителна. Но, погледнете што освен алое вера и компресии со суров компир може да ви помогне.

Краставица

Краставицата има голем број на бенефиции за кожата и може веднаш да се олесни непријатноста поврзана со јачменот. Земете 1-2 парчиња и ставете ги за неколку минути на заболеното место. Правете ја оваа грижа по 3-4 пати на ден.

Солена вода

Преврските со солена вода е едно од најдобрите средства за лекување на јачмен. Во пријатно топла вода ставете мала количина Epsom Сол. Добро промешајте за да се раствори. Англиската сол е богата со магнезиум и ефикасно помага за елиминирање на бактериите и болките. Натопете чиста памучна крпа и нежно стегајте.

Легнете и приложете ги топлите, но не жешки компресии на заболеното место. Оставете го да дејствува во текот на 15-20 минути.

Продолжува на страна 2