Крем супа/чорба од грашок

1543

СОСТОЈКИ

  • 500 гр грашок
  • 1 голем целер
  • 50гр путер
  • 100 гр павлака
  • 200гр тост леб
  • 100 гр брашно
  • 2 јајца (само жолчки)
  • сол
  • бел пипер
  • 200 пушена сланина

Порции – 4 Време на подготовка – помалку од 60 минути

ПОДГОТОВКА НА РЕЦЕПТОТ

  • целерот се чисти и се сечка на коцки.
  • лебот се сечка на коцки и се потпечува во рерна.
  • сланината се сече на мали ленти и се потпржува во тава без масло.
  • целерот се вари во вода со малку сол и така полуварен се додава во грашокот и се остава да крчка додека не се свари.
  • во друга тава стопете го путерот, додадете го брашното и малку пропржете. Изгасете ја супата во која се вареше зеленчукот, тргнете од оганот, оставете малку да се излади и додадете ја павлаката и жолчките.
  • исцедениот зеленчук добро се меша добро, потоа се додава во тавата со белиот сос, пак се меша и се зачинува со сол и црн бибер.
  • се служи топло со грашок, крцкавата сланина и коцките од леб.

Добар апетит!