ЗА СИТЕ ТЕТКИ!
Поместувањето на времето за мажење и раѓање доведе до тоа многу млади жени да се во статус на Тетка. Тие, психолошки, имаат деца, го имаат тоа чувство на триумф кое детето го носи и, среќни се и исполнети.
Тетка може, и не мора да има свои деца. Децата на Тетка некако одат со неа. Со нив, се сакаме и не сакаме, се тепаме како малечки, се дружиме како возрасни, се потпираме едни на други како целосно возрасни. Интересно е тоа што децата обично мислат дека другата мајка, во овој случај ТЕТКА, можеби била подобра од сопствената. Тоа, се разбира, го мислат и теткините деца за нашите мајки. Но, она што е важно е Тетка.
Тетка е нешто како добра вила од прекрасните детски бајки. Таа знае сѐ, разбира сѐ, знае како да утеши, да избрка страв, кога сме родени, за подарок носи дукат (таков е редот, Тетка е, но тоа е повеќе за мама и тато), а за нас, нашето прво ќебенце или плишана играчка од кои не се разделуваме, понекогаш ниту до свадбата. Потоа носи различни бебешки маици, зајчиња, капи, шал, сапунчиња, шишиња, чевлички, облека, фустани, сите за Тетиното злато. Сака да се слика со нас и ние имаме еден куп слики на кои се држиме цврсто, цврсто и се смее онака, некако најубаво. Како одат годините, ние поголеми на сликите, тетка во прво време сѐ поубава, а потоа полека почнуваат да ѝ се гледаат годините. Но, тоа го гледаат другите. За нас тетките, секогаш остануваат со некое чудо секогаш млади. Мајка може да остари, но Тетка … невозможно!
Таа нѝ дава парче чоколадо, што ја кријат како непријател да не ги расипеме забите, да не се дебелееме кога ќе пораснеме, нѝ купува сладолед иако родителите строго забраниле бидејќи “детето има чувствително грло,” купува прво мини здолниште, дури и ако мајката ќе збесне, ќе “издејстува” прв џепарлак, првото момче, првото самостојно летување. Ќе тутне некои пари во џебот, онака да нѝ се најде, дополни мобилен, купи “на распродажба” нешто “како за тебе да го направиле.” Кај неа секогаш се наоѓа некој парфем, до половина потрошен кои “ние, кога ќе ти кажам, навистина не нѝ е потребен.” Таа има најдобар избор на исхрана само за нашата крвна и за други групи, има остро око кога ќе добиеме еден грам повеќе или ќе ослабнеме за истиот грам. Знае кога таткото се лути по фреквенцијата на неговиот глас, кога мајката има мигрена, па треба да одиме на прсти, кога тие се скарале поради нејзината нова блуза или неговата стота рекреативна партија тенис во првиот семестар.
Таа знае и повеќе од тоа, но умее да се однесува како некој што воопшто ништо не знае. Така, од Тетка се учи дека се знае, а не се знае дека не се пика носот во туѓи чинии, дека е убаво да се има најдобар пријател, но дека не треба да се избркаат сите други заради тоа, дека е нормално, другарите да се скараат понекогаш.
Тетка не учи како да се сака, на која страна оди носот, како да не се вцрвиме ако Тој не гледа, а ако и се вцрвиме Тој тоа да не го види. Таа знае и кои се најдобрите филмови за гледање на првиот состанок, без разлика дали на првиот состанок треба да се седне во овој или оној кафе бар. Таа не учи како скришно се става маскара, а класната де не забележи (мајката веќе не научила на различни видови маскирања ?), како може да се позајми токму фантастичниот топ од другарката, а притоа да не зборува за тоа која бактерија демне на нас од таму и кои караконџули можат да не изедат ако позајмиме туѓа работа. Знаете што се караконџули? Ако не знаете, прашајте ја Тетка. Таа веќе сè преживеала.
На Тетка смее да ѝ се каже за единиците во дневникот, а да не нѐ казни, и не нѐ издаде, може да се избега од училиште и само таа да знае. Умеее да изработи за нас домашна работа родителите тоа да не го видат, сакаат да нѝ помогне околу латинскиот, физиката, така по некои предмети за кои во тој период ние не сме сигурни за што служат освен да ги мачат учениците. Тетка знае најдобро кои колоквиуми имаме, кога имаме испити, награди за положен испит и не се мурти за шестка. Пред тетка смее да се плаче поради невозвратена љубов или затоа што некој не оценил со “двојка”.
Тетка знае да нѝ го објасни раскинувањето на врската како ние не сме ме виновни ние туку тој, сигурно многу не сакал, но ние сме посилни, помоќни, не можел да не следи. Што навистина мисли, знае само таа. Таа никогаш нема да нѝ каже директно дека момчето не е премногу паметно или премногу убаво. Таа ќе каже дека тоа е во ред, дека е баш “cool”, но можеби ние можеме да го направиме тоа и подобро. Нему ништо не му недостасува, но ние сме сепак некако посебни. Вистина за волјата, Тетка верува во таа посебност. Тетка е некој кој автентично и безусловно сака, почитува, верува во нашата исправност и безгрешност. Дава поддршка, охрабрува, турка, поттикнува, тргнува од четврта, а кочи во место.
Зошто е тетка толку значајна личност? Тетка е жена, значи некој што ја потсетува по многу нешта на нејзината мајка. За разлика од мајката, тетката го нема тоа ниво на одговорност, вознемиреност, страв, збунетост што ја има мајката на првата средба со своето бебе. Затоа Тетката е послободна, дејствува понепосредно, поспонтано. Тетка смее да биде уморна, нејзината мајка не може. Тетка може да каже дека нешто не може или не знае. Мајка не може. На тетка ѝ е дозволено да направи грешка, но не и мајка. Впрочем, на “грешките” на мајките, видени во очите на нивните деца, живее една цела професија – психотерапевти. На тетките им е полесно, бидејќи се занимаваат со децата од онаа поубава страна.
Родителите исто така се одговорни за тоа што не им се допаѓа на децата: јади, миј ги рацете, миј ги забите, среди ги играчките, намести го креветот, стани и оди на училиште, врати се навреме дома и така натаму. Има многу помалку области во животот во кои може да има конфликти помеѓу Тетките и нивното “злато”. Никој никогаш не ја повикал Тетката во градинка, заради тоа што децата се удираа. Родителите одат на родителските средби. Општеството прави значајна разлика меѓу родителската компетенција и љубовта на тетката, и тоа е во ред, нели?
Сепак, Тетка може да биде многу добра замена за мајката во оние области каде што детето се колеба да се довери, има страв или лошо искуство.
Бидете внимателни, децата сами избираат пријатели. Родителот е единствена личност во животот и таа улога никогаш не треба да се меша со другарска. Таа втората тетка може убаво да ја оствари. Таа е пријател, и многу повеќе од тоа. Тетка ја претставува онаа слободна, емоционално чиста зона во која е засолниште за нашите души и кога не нѝ оди и кога нѝ е добро. Не постои тука систем на награди и казни, гнев, страв. Постои океанско чувство на семоќ кое го заборавивме кога го почувствувавме за прв пат – кога сме се родиле. Знае дека погрешил и жал му е, а се плаши од казна. Првите упатства за сè прво во животот може да се добијат од Тетката, а тоа, особено во време на периодот на адолесценција, нема таква тежина која има таков разговор со родителот. На некој начин дојде мода родителите да се обидуваат да бидат пријатели со децата.
Тетеките, пак, апсолутно ги обожаваат децата на своите сестри и браќа. Со децата се фалат, со децата се гордеат, возат повторно колички, трицикли, велосипеди, ролери, лизгалки. Колку само се гордеат кога некој ќе рече: “О, колку убаво е ова твое дете”. Тоа и не е грешка. Нашите тетки не сметаат за свои деца. Во психолошка смисла, ние тоа навистина и сме.
Поместувањето на времето на мажење и раѓање доведе до тоа многу млади жени да бидат во статус на Тетка. Тие, психолошки, имаат деца, го имаат тоа чувство на триумф што го носи детето, исполнети се со љубов која им е возвратена, имаат на кого и за кого да се грижат, взаемност на односи ги збогатува, се чувствуваат корисни и остварени. Сето ова не е илузија, тоа е реалност. Работите стануваат малку поинакви кога ги добиваат своите деца, но тоа се нијанси. Теткино дете еднаш – теткино дете засекогаш.
Една неодамнешна студија работена во нашите училишта покажала дека учениците со поголема веројатност им се доверуваат на тетките отколку на професорите или психолозите и педагозите. Не е ни чудо што тетка се нарекува тетка. Тетка во училиштето е исто така некој од кој не се стравува и кој не казнува, а умее да утеши и помогне.
Ако ви се стори дека ова е ода за тетките, не сте згрешиле. Во ерата на загриженост за еколошкиот опстанок на нашата планета, треба да ја разгледаме и психолошката екологија на нашата душа. Тој ресор суверено го држи Тетка.
Кој нема тетка, не знае што изгубил.
Тетка е роднина, другар, пријателка, сојузник.
Тетките се единствените суштества; секоја е неповторлива.
Секоја тетка има свое “злато”.
Блазеси му на “златото”.
Тетка не е замена за мајката; таа е нејзино дополнување.
Тетка е жива енциклопедија, од којашто се учи за животот.
Никој не може да ве утеши како Тетка, особено кога сте во кавга со родителите.
Тетките замижуваат пред правилата, не затоа што се непослушни, туку затоа што имаат само свои.
Тетките се најдобри пријатели на децата.



















