Многумина на Запад не веруваат во „руската вакцина“ Спутник В. Дали настанала набрзина? Или со помош на руски хакери? Во секој случај, објавената студија покажува колку е ефикасна бакцината.
Многумина на Запад не веруваат во „руската вакцина“ Спутник В. Дали беше избрзано? Или со помош на руски хакери? Во секој случај, објавената студија покажува колку е подеднакво ефикасна.
Прелиминарната анализа на третата фаза од студијата со 19.866 учесници покажува дека вакцината Gam-COVID-Vac на Рускиот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја по втората доза на вакцината е ефикасна во 91,6% од случаите. Таа студија беше објавена на почетокот на февруари во медицинското списание „The Lancet“.
„Развојот на Спутник В беше (досега) критикуван како избрзан, недоволно темелен и нетранспарентен“, пишуваат во коментарот на студијата лекарите Ian Jones и Polly Roy, професори на Универзитетот Ридинг и на Лондонското училиште за хигиена и тропска медицина. Но, резултатот од истражувањето за кој тука се известува е јасен и се заснова на научните принципи на вакцинација: тоа значи дека може да се воведе уште една вакцина за борба против КОВИД-19 со цел да се намали бројот на заразени“.
Несакани пропратни ефекти се “ретки”
Во студијата, 16 лица од 14.964 вакцинирани разболеле од КОВИД-19, во споредената група од 4.902 лица кои примиле плацебо, 62 лица се разболеле. Тешки несакани ефекти што бараат хоспитализација се случиле кај 45 испитаници (0,2%) во групата која примила вакцини и кај 23 испитаници (0,4%) во групата која примила плацебо (раствор на соли). Таквата зачестеност може да се карактеризира како „ретка“ и никаква компликација не може да се поврзе со примените вакцини.
Вакцинација со Спутник В
Тестирањето на Спутник В. сè уште трае, но анализата на британските лекари од првите резултати покажува дека „руската вакцина“ е исто така погодна за борба против пандемијата.
Нешто почести несакани ефекти биле благи симптоми слични на грип, болка на местото на инјектирање и минлива слабост и чувство на замор. Имаше четири смртни случаи меѓу испитаниците, но ниту еден не беше поврзан со вакцината. Едно лице физички се повредило, две имале други болести претходно и кај нив се појавиле симптоми на КОВИД-19 четири или пет дена по приемот на вакцината.
Со оглед на вообичаеното време на инкубација, лекарите претпоставуваат дека и двајцата пациенти биле заразени дури и пред вакцинацијата, иако PCR-тестот сè уште не покажал позитивен резултат. Во плацебо групата, еден испитаник доживеал мозочен удар.
Прво вирус “за транспорт“, а потоа и други
Строго гледајќи, кај вакцинацијата со Спутник В се работи за вакцинација со два различни векторски препарати кои се даваат еден по друг. Двата препарати имаат по еден аденовирус тип 5 (rAd5-S) и 26 (rAd26-S) кои се земени како основа за генетска модификација за да се создаде површински протеин каков што е тој на SARS-CoV-2. На ова тестирање, учесниците прво примиле вакцина со rAd5-S, а потоа и една со rAd26-S како засилувач.
Првиот препарат е споредлив со вакцината Ad5-nCoV на кинескиот производител CanSino Biologics, кој исто така користи аденовирус тип 5. Генерално, Спутник В има сличности со оксфордската вакцина AZD1222 на AstraZeneca. Таа, пак, за транспорт на протеин користи аденовирус на шимпанза. AZD1222 е веќе одобрен за употреба во Европската унија.
Ефективноста зависи од поединецот
Студијата покажува дека повеќето од 324 референтно избрани учесници на вакцинација, по завршување на постапката создале и антитела и Т-клетки. На само шест од тестираните тоа не им се случило. Причината може да биде високата возраст на овие учесници или индивидуалната конституција.
Но, истражувањето исто така покажува дека ефектот кај 2.144 испитаници постари од 60 години дури 91,8%, што повеќе би го побило тврдењето дека ефикасноста се намалува кај постарата возраст. Кај AstraZeneca AZD1222 сè уште не е дефинитивно утврдено дали кај постарата популација исто така добро делува како кај помладата популација. Тестирањето на руската вакцина Спутник В. беше спроведено само кај возрасни над 18 години.



















