Здравата исхрана може да го стимулира имунолошкиот систем, но сепак ако се случи да настинате или да се разболите од грип, од суштинско значење е да јадете и пиете работи кои ќе ви помогнат да се вратите побрзо во нормала.
Еве каква храна и пијалаци да консумирате кога сте болни:
1. Многу пијалаци
Ако сте болни од тежок грип (имате многу затнат нос, ве боли грло, кашлате силно и т. н.), Избегнувајте тврда храна, а пијте повеќе течности. Обложете се на чај од ѓумбир и нане, на овошните сокови од грејпфрут, портокал, јаболко, морков, цвекло и лимон (витамин Ц може да го скрати времетраењето на вашето заболување). Тие ќе ви набават калории и хранливи материи и ќе ви помогнат да се справите со чувствтоо на вртоглавица. Зелениот чај, исто така помага имунолошкиот систем, особено со малку мед во исхраната.
2. Лесно сварливи протеини
Консумирајте протеини, особено кога сте болни, бидејќи тие го зајакнуваат телото и даваат енергија. Обложете се на лесни протеини, како што се јајца, сирење или јогурт.
3. Храна со антиоксиданси
Изберете храна која содржи глутатион – моќен антиоксиданс кој докажано се бори со инфекциите. Тој може да биде пронајден во лубеницата, во крстоцветниот зеленчук како броколи, зелка, кадрава зелка.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















