На Исланд за седум дена регистрирани 17 000 земјотреси

1374

Исландската сеизмолошка служба денес објави дека минатата недела се регистрирани околу 17.000 земјотреси во југозападниот регион Рејкјанес.

Најсилниот земјотрес бил со јачина од 5,6 степени и се случил на 24 февруари, а го почувствувале и жителите на главниот град Рејкјавик и околните места каде што живеат две третини од населението на Исланд.

После тоа, биле регистрирани уште два силни земјотреси со јачина над 5,0 степени, а тие се случиле на 27 февруари и 1 март.

Земјотресите не предизвикаа голема материјална штета, иако Агенциијата за патишта на Исланд објавија дека има мали оштетувања на асфалтот на регионалните автопати.