Оваа банка ќе ви плаќа 86.400 евра секој ден, ако ги следите овие две правила

1295

Сите ја имаме оваа прекрасна банка на располагање. Замислете дека секое утро кога ќе се разбудите, банката става точно 86.400 евра на вашата сметка!

Еве ги двете правила на оваа банка:

Првото правило е:

Сè што не успеавте да потрошите во текот на денот ви го земаат навечер! Не смеете да измамите или да префрлувате пари на друга сметка. Имате право да го потрошите исклучиво истиот ден, но не заборавајте дека секое утро кога ќе ги отворите очите, банката отвора нова сметка од нови 86.400 евра за тој ден и така натаму секој ден.

Правило број два:

Банката може да ја прекине „играта“ без никакво предупредување! Може да ве извести во секое време дека сè е готово и дека сметката дефинитивно се затвора.

Ќе се обидете секое евро да ви донесе среќа и задоволство. Нема сомнение дека сите ќе ги потрошите парите на забава и купување подароци за себе и за оние што ги сакате. Можеби ќе им дадете подароци и на оние што не ги познавате, само за да не ви ги врати парите банката. Ќе се обидете секое евро да ви донесе среќа и задоволство.

Па, каде е таа банка?

Сите ја имаме оваа прекрасна банка на располагање. Тоа е времето!

Секое утро кога ќе се разбудиме, нашата животна банка отвора заем од 86.400 секунди живот за тој ден до спиење. Сè што не доживеавме тој ден – е изгубено. Вчера го нема засекогаш! И секое следно утро таа магија се повторува. Затоа, да не заборавиме на неизбежното правило дека банка може да ја затвори нашата сметка секоја минута, без предупредување. Во секој момент нашиот живот може да запре!

Што правите со вашите 86.400 секунди дневно?!