Бебињата учат јазик и звуци дури и пред да се родат, благодарение на мајките кои разговараат со нив додека се уште се во матката. Сепак, новото истражување открило дека зборовите сепак се учат од татковците.
Студија спроведена на Универзитетот во Кина покажа дека и таткото и мајката влијаат на начинот на кој бебето учи нов јазик, но областите на јазикот што ги учат се различни за секој родител.
Според истражувањето, новороденчето може да ги препознае гласовите што ги слушнал во текот на третиот триместар и, се разбира, повеќе го претпочита гласот на неговата мајка отколку гласот на странците.
И додека мајките и бебињата воспоставуваат силна врска уште од самиот почеток, татковците исто така играат важна улога кога станува збор за развојот на говорот на бебето.
Авторот на истражувањето, Менган Жанг открил дека бебињата го прилагодуваат изговорот и гласот од нивната мајка, но вокабуларот го добиваат од татко им.
Истражувањата покажаа дека постои силна поврзаност помеѓу гените на таткото и лексичките карактеристики и помеѓу мајките и фонемските карактеристики на мајката.
И така, драги татковци – целото галење и гушкање со бебето е одличен почеток. Тоа е природен начин да се поврзете со вашето дете и да го поттикнете учењето. И не заборавајте на големата вредност на играњетo – песните и римите особено влијаат на учењето.
Не смееме да заборавиме дека емоционално вклучените татковци имаат посреќни деца, а проширувањето на вокабуларот за деца е само една од доживотните придобивки што татковците придонесуваат за благосостојбата на детето.



















