Вистинската приказна за исчезнатиот брод на духови Мери Селест | Фото/Видео

1769

Американскиот едреник, бригантин, трговски брод, е пронајден како лебди недалеку околу Азорските Острови на 4 декември 1872 година.

Екипажот на канадскиот брод „Деи Грасија“ што го откри, сведочеше дека бродот е во совршена состојба и дека сè на бродот е во нормална добра состојба.

Имаше снабдување со храна и вода за шест месеци, единствено што немаше е било каков знак или глас од капетанот Бенџамин Бригс и од екипажот.

Товарот, со дестилиран алкохол, бил недопрен исто како и сите лични работи на капетанот и морнарите! Сè беше во совршен ред!

„Мери Селест“ исплови од пристаништето Њујорк на 7 ноември и тргна натоварена со стока кон Џенова. Бродот е изграден во 1861 година и е лансиран под името „Амазон“. Значи, тоа беше релативно нов брод, на крајот на краиштата, екипажот на канадскиот брод забележа дека утробата на бродот не испушта капка вода. Едреникот пловеше под името „Мери Селест“ од 1868 година.

Секако, по откривањето на бродот без екипаж, спроведена е обемна истрага. Појдовна точка беше можноста дека бродот бил ограбен, дека пиратите го однеле екипажот. Некои дури се посомневаа и во екипажот на канадскиот едреник. Но, фактот дека ниту стока ниту работи, ништо вредно од бродот не недостасуваше, ги наведуваше истражителите во слепа насока.

Истрагата беше спроведена во Гибралтар и не донесе никакви конкретни заклучоци. Се претпоставуваше дека алкохолот е виновен за сè, односно алкохолните пареи што влијаеле на екипажот што го напуштил бродот (но како, не можеа да објаснат). Некои ја насочија истрагата кон „големиот октопод“, кој можеше да го „собере екипажот“ без да го уништи бродот, но немаше видливи траги од борба.

Исто така беше споменат и наводно документиран подводен земјотрес во времето на исчезнувањето на бродот, но немаше штета на бродот или докази дека тој бил потопен, дури и за кратко време, од некој голем бран што го одвел екипажот.

Едреникот продолжи да плови, за да претрпи злобна судбина во 1885 година, кога тогашниот капетан, намерно, за да го собере осигурувањето, го насукал на карпите на Хаити.

Интересно е што според некои информации, во него биле и семејството, сопругата и ќерката на капетанот. Постојат и наводи дека бил пронајден и бродскиот дневник и дека последниот запис бил седум дена пред да се најде едрилицата. Се тврди дека положбата на бродот во тоа време била иста како онаа на која бил пронајден. Тоа би значело дека тој стоел мирен седум дена или дека кружел.

Тогашниот печат ја разгоре мистеријата со тврдење дека бродот е виден истовремено на 1400 наутички милји далеку, дека спасувачите нашле маси поставени во трпезаријата со полуизедени оброци. Дека на бродот имало живи кокошки …

Дури и „таткото“ на Шерлок Холмс, Артур Конан Дојл, ја објавил приказната за бродот во тоа време како 25-годишник, иако под друго име и со друг капетан, но на сите им било јасно дека станува збор за „Мери Селест“.

Ниту една трага сеуште не посочува што се случило со капетанот (неговото семејство) и екипажот …