НАСА испраќа тоалет вреден 23 милиони долари во вселената | Фото

1244

Санитарниот јазол што американската вселенска агенција ќе го испрати во вселената е секако еден од највредните, ако не и највредниот во светот.

Станува збор за високотехнолошка фабрика, вредна 23 милиони долари, која наскоро ќе лета со ракетата Антарес сè до Меѓународната вселенска станица.

Во вселенскиот брод со кој ќе лета овој скап тоалет има и намирници за астронаутите.

Тоалетот е соодветно грандиозно именуван како Универзален систем за управување со отпад (UWMS). Тој е 65 проценти помал и 40 процент полесен од тоалетот што моментално го користат астронаутите, објаснува НАСА.

Потребата за тоа се појави откако жените астронаути почнаа да ја истакнуваат непрактичноста на сегашниот тоалет, односно градежните грешки на лентата за фиксирање на телото за да не лебди од таблата.

Исто така, новиот тоалет има многу поекономичен систем за претворање на урината во вода.