Трик што функционира! Ако страдате од несоница направете го ова и ќе заспиете за минута

1553

Добриот сон е неопходен за добро здравје. Сепак, многу луѓе велат дека страдаат од несоница и хронична несоница.

Па, како да постигнете добар сон?

Според една студија, доволно е да се напише една работа пред спиење: список со обврски (to-do list).

Студија од 2018 година, објавена во Журналот за експериментална психологија, требала да открие како одредени рутини пред спиење влијаат на нашиот сон. Експертите откриле дека пишувањето список со обврски, само пет минути пред спиење, помага да се постигне добар и квалитетен сон.

Живееме во култура во која се чини дека нашите списоци за обврски растат постојано и загрижени сме за недовршените задачи пред спиење. Повеќето луѓе едноставно минуваат низ списоците со обврски во главата, па затоа сакавме да истражиме дали процесот на запишување може да им помогне на луѓето полесно да се справат со тешкотиите поврзани со спиењето, изјави Мајкл К. Шулин, водечкиот автор на студијата.

Истражувачите набљудувале 57 учесници, на возраст од 18 до 30 години, од кои било побарано да напишат список со обврски пет минути пред спиење. На некои луѓе им било дадено по случаен избор да напишат список на незавршени задачи во следните неколку дена, а на други им било дадено да напишат целосен список на задачи што успешно ги завршиле претходните денови.

Учесниците кои напишале список со обврски, заспале многу побрзо отколку оние кои имале  за задача да напишат список на обврски што ги завршиле.

Иако многумина можеле да претпостават дека запишувањето на идните задачи, што допрва треблоа да се извршат, може да резултира само во понатамошна загриженост за овие работи, всушност се покажало дека е сосема спротивно.

Списокот кој требал да пополни со рабоити кои треба да се направат ја намалил веројатноста учесниците да размислуваат за овие незавршени задачи додека се обидуваат да заспијат.

Но, важно е да се нагласи дека студијата е ограничена на учесници кои учествувале во истражувањето. Ниту еден од учесниците претходно немал нарушувања на спиењето или други нарушувања кои исто така можат да играат улога во нарушувањата на спиењето.