Вселенското зрачење на Месечината е два до три пати поголемо отколку на Меѓународната вселенска станица, што ќе биде најголема опасност за истражувачите во иднина, откри кинеската лунарна сонда Чанг-4.
Кинеско-германскиот тим во американското списание „ScienceAdvance“ презентираше податоци за зрачењето собрани од Change-4, кинеска сонда, која слета на подалечнатаа страна на Месечината во јануари 2019 година.
Овој пронајдок е прво целосно мерење на изложеноста на зрачење од Месечината. Податоците се од витално значење за НАСА, но и за сите други субјекти кои планираат да испраќаат астронаути на Месечината, пренесува CRI.
Ова е огромно достигнување бидејќи имаме сет на податоци што можеме да ги искористиме за да ги измериме основните нивоа на зрачење и подобро да го разбереме потенцијалниот ризик за луѓето на Месечината, рече Томас Бергер, физичар од медицинскиот институт на Германската вселенска агенција.



















