Заштитна маска со пиштол | Додека некои се згрозени, други мислат дека испраќаат важна порака

1282

Многу брзо по одредена мерка на носење заштитни маски, тие започнаа да се прават во многу фабрики за брендови, но и во домашните четири sида. За да не носат сите исти, на пазарот пристигнаа медицински, модели изработени од разни материјали, дезени, со украси, а најновиот „изум“ ја згрози јавноста.

На социјалните мрежи се шират фотографии, претежно од мажи, кои на заштитните маски имаат мал оддел чија цел им се заканува на луѓето. Имено, овој мал „џеб“ од ткаенина се користи за носење оружје, во повеќето случаи пиштоли.

Според UNILAD, Лиза Хендрикс, застапничка за спречување на насилство од оружје, се огласи на Twitter. Заедно со фотографиите од овие маски, таа напиша: „Пиштолот е насочен кон градите и главната артерија на мажот, а доволен е само момент на невнимание и минимално движење за да се случи најлошото“.

Во коментарите на нејзиниот пост, луѓето не можат да ја сокријат зачуденоста и шокот од овој тренд. „Зошто луѓето мислат дека ова е добра идеја, дали е ова потребно во ситуација кога веќе имаме безброј грижи?“ Ова се само некои од прашањата што ги поставија.

Некои луѓе велат дека ваквите потези на луѓето ги тераат да се преселат на друга планета, многумина мислат дека стои важна порака зад ова. Тие тврдат дека овие мажи со пиштол во маски сакале да покажат што им значи да ги носат – лишување од слобода и правото на глас.

Ниту еден од мажите не даде никакви изјави или потврди некое од горенаведените тврдења.