Вегетаријански сендвич

1336

Во жешкиве летни денови не се препорачува да се консумира многу мрсна храна, па еве еден предлог за вкусен вегетаријански сендвич за кој Ви е потребно:

  • тортиља, лепче за гиро, бегет или земичка ( по ваш избор)
  • луто пипиперче
  • домат
  • печурки ( свежи или маринирани)
  • рукола
  • кромид (по желба)
  • кашкавал
  • биено сирење
  • посен мајонез
  • сенф

Подготовка

Тортиљата или лепчето што ќе го правите сендвич на загреана тавата малку затоплете го, додека го мачкате лепчето со малку сенф и посен мајонез, во истата тава испрежете ги на малку маслинов зејтин печурките, потоаставете ги на летчето, во истата тава потпечете го биеното сирење и потоа и тоа додадете го во сенвичот, потоа потпечете го кромидот исечен на кругови и тој додате го во лепчето.

На крај ставете го ренданиот кашкавал, лутото пиперче, доматот и руколата и секако зачинете по ваш избор.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.