Секоја љубовна врска има свои издигнувања и падови. “Те сакам” е нешто што секој од нас очекува да го слушне, но со онаа вистинска сила, која никогаш нема да згасне. Како еволуираат овие зборови во врската?
“Те сакам” 3-6 месец
Врската ви е на почетокот, но вие се чувствувате на седмо небо. Меѓу вас има електрично сексуално привлекување и хемија. Кога си велите еден на друг “Те сакам!”, тогаш тоа значи: Сè оди толку добро, сакаме да направиме еден чекор напред во односите, бидејќи не можеме еден без друг.
“Те сакам” 1 година
Минувала една година од вашата врска, но сè уште сте луди еден по друг. Секој ден откривате нови слатки и интересни работи за саканиот/ата. Експериментирате повеќе во спалната, довербата меѓу вас е зајакната. Велејќи си ги најсилните љубовни зборови, вие мислите во една насока, насоката на иднината. Некои од вас дури почнуваат да сонуваат за Менделсоновиот марш.
“Те сакам” 1-2 години
Кон втората година од врската партнерите веќе се научиле да прават компромиси еден со друг или барем во повеќето случаи. Запалените закачки сè уште ви се интересни, а шепнувањето нешто мило како “Те сакам” во увото на партнерот ве тера да заборавите за сè.
Довербата меѓу вас е многу поголема, може да споделувате, но и да им верувате целосно во спалната соба. “Те сакам” се менува, стекнува поголема важност.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















