Колку често одите на фитнес со пудра или делумна шминка?

1250

Колку често одите на фитнес со пудра или делумна шминка? Чесно признајте!Сигурни сме дека голем дел од дамите речиси секогаш ја посетуваат салата со нанесен барем еден козметички производ.

Без разлика дали го правите тоа затоа што единственото слободно време кое го имате, е после работа или затоа што ви се допаѓа некое момче таму, тоа е меч со две острици.

Ви ги претставуваме основните проблеми, поради кои е подобро да ја замените шминката со природен изглед во салата.

Затнати пори

Тешките и долги тренинзи ве тераат да се потите, а потта се лачи преку порите на кожата. Кога ќе се стави козметика врз кожата, вие ги затнувате овие пори и креирате вештачка бариера која тешко може да биде “пробиена”. Постигнатите резултати се уште поголеми и видливи пори врз инаку нежната и мека кожа.

Во оваа стапица, кој ја поставувате сами на себе со шминката, креирате идеални услови за одгледување на секакви бактерии и задржување на акумулирана во текот на денот нечистотија. Природната детоксикација, која кожата ја прави со потењето е прекината од вашата козметика – нешто што не го препорачуваме на никого.

Акни

Кон споменатиот проблеми со затнати пори додадете го и влијанието на факторите за сончање во козметиката. Голем дел од производите имаат состојки кои ја играат улогата на заштита од сонце за кожата. Нема сомнение дека ова е исклучително важно, но е контрапродуктивно, кога сте во салата.

При потење, кожата и отворените пори се способни да апсорбираат повеќе од 1/3 од поставените производи во кожата. Следниот чекор е нивниот влез во крвотокот и можност за создавање на ризици. Штетните состојки се апсорбираат многу побрзо и можат да предизвикаат кожни реакции како горење, сувост, црвенило, оток и акни.

Природна убавина

Кон проширувањето на порите и веројатноста за појава на акни, би сакале да додадеме и една позитивна причина да не користите шминка во салата. Природната убавина! Најсилниот адут на секоја жена е фактот дека е формирана со цртите кои најмногу `и одат. Бојата на косата е усогласена со кожата, а обликот на очите со онаа на лицето.

Не заборавајте дека дури и да заискри хемијата меѓу вас и тоа момче, тој порано или подоцна ќе ве види без шминка. Најдобро е да му се допаѓате поради тоа што навистина сте.Наместо тешките пудри, коректори и ружеви, ставете единствено крем за лице неколку часа пред фитнесот.

Време

Ако сте од дамите кои се шминкаат специјално за фитнес, тогаш раскинувањето со оваа практика може да ви спаси многу време. Наместо да одделувате по 30 минути пред тренинг за совршена очна линија и оформени со руменило јагодички, отидете порано во салата и направете уште неколку вежби. Дефинитивно телото и вашата кожа ќе ви бидат благодарни за тоа решение, а вие ќе се чувствувате уште подобро.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.